Дома Фудбал Македонец ќе биде дел од големиот спектакл помеѓу Реал и Манчестер Сити!

Македонец ќе биде дел од големиот спектакл помеѓу Реал и Манчестер Сити!

Реал Мадрид и Манчестер Сити утре ќе го одиграат дербито на колото во Лигата на шампионите, а на овој голем европски спектакл важна улога ќе има и еден Македонец.

Филип Поповски, поранешниот генерален секретар на ФФМ и човек со богато искуство во фудбалските институции, е назначен за делегат на средбата меѓу двата европски гиганта.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Судија на мечот ќе биде искусниот Французин Клемен Турпан, а асистенти ќе му бидат Николас Данос, Бенџамин Паже и Стефани Фрапар. ВАР-тимот е составен од Жером Брисар од Франција, како и германските официјали Сорен Шторкс и Луц Михаел Фролих.

Големото европско дерби меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е закажано за среда, со почеток во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковачиќ го повреди Халанд на тренинг пред Реал: Норвешкиот голгетер објави слика од ударот (Фото)

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, доживеа непријатност на последниот тренинг на …