Дома Останати Тенис Македонците во Мелбурн навиваа за Ѓорческа – ечеше „Македонија, Македонија“! (Видео)

Македонците во Мелбурн навиваа за Ѓорческа – ечеше „Македонија, Македонија“! (Видео)

Триумфот на Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралија опен помина во знакот на силната поддршка од македонските навивачи, кои во Мелбурн создадоа амбиент каков што ретко се гледа на тениските терени. На теренот број 12 се вееше македонското знаме, а гласното скандирање „Македонија, Македонија“ беше постојана позадина на мечот во кој најдобрата македонска тенисерка ја совлада четвртата носителка Синја Краус со убедливи 2-0 во сетови (7-5, 6-0).

Очигледно инспирирана од атмосферата како на домашен терен, Ѓорческа одигра зрел и сигурен меч, а по израмнетиот прв сет, во продолжението целосно ја презеде контролата. Во вториот сет таа не ѝ остави простор на австриската тенисерка, демонстрирајќи доминација и самодоверба во секој поен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонската претставничка со оваа победа обезбеди пласман во второто квалификациско коло, каде ја очекува дуел со Словакинката Тамара Зиданшек, која ја елиминираше Понше со 2-0 и моментално е 151. на ВТА-листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Некогаш третиот најдобар тенисер во светот замина во пензија!

Познатиот поранешен трет тенисер во светот, Милош Раониќ, во понеделник ја најави својата …