Прволигашот Борец објави дека нови засилувања во Велес се Алекс Талески и Гонзало Зарате. Алекс Талески е Македонец со австралиски пасош и тој се враќа во македонскиот фудбал. Во сезоната 2018/2019 настапуваше за Вардар, додека во Борец пристигнува од тимот на Данденонг Сити. Договорот кој го потпиша е на две години. Заедно со Талески пристигна и Аргентинецот Гонзало Иван Зарате. …