Актуелниот четирикратен шампион на Англија, Манчестер Сити, се наоѓа во најголемата криза во последните неколку години, а тренерот Пеп Гвардиола поминува низ најтешкиот период во својата кариера. Од последните 12 натпревари, Сити загуби девет. Актуелниот англиски шампион, кому оваа титула му е четврта по ред, по 17 кола оваа сезона е само на седмото место во Премиер лигата, со 12 помалку поени од водечкиот Ливерпул, кој има и еден натпревар помалку.
Сити е далеку од врвот и титулата, и се бори за место кое води во Лигата на шампионите, кое сега му бега за четири поени. Две кола пред крајот на регуларниот дел од новата сезона на Лигата на шампионите, Сити е само на 22-то место, на само две позиции од линијата која значи испаѓање. Тешко дека некој пред почетокот на кризата можеше да предвиди ваков расплет, но на еден човек тоа му успеа..
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Станува збор за легендарниот англиски напаѓач Мајкл Овн кој оваа година во август, недолго откако Сити ја потврди четвртата титула по ред, прогнозираше дека актуелните шампиони ќе имаат тешкотии да завршат меѓу првите четири во Премиер лигата. “Арсенал ќе биде прв, Ливерпул втор, Астон Вила трет, а Сити четврт. Оваа година можеби ќе имаат проблеми, секоја низа мора еднаш да заврши.”
Овен зад себе остави голема кариера иако многумина сметаат дека таа можела да биде и многу подобра ако не му го попречиле развојот тешките повреди. Најголем траг остави во Ливерпул, каде што во 2001 година како 22-годишник стана еден од најмладите освојувачи на „Златната топка“ во историјата.
Таа сезона освои и Куп на УЕФА, а подоцна уште ги носеше дресовите на Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук Сити. За Англија настапи 89 пати и постигна 40 голови. По играчката кариера, Овен повремено работи како телевизиски коментатор.