Дома Останати Кошарка Магија на Јокиќ: Погоди невозможен шут, никому не му е јасно како (Видео)

Магија на Јокиќ: Погоди невозможен шут, никому не му е јасно како (Видео)

Никола Јокиќ понекогаш изведува потези кои пркосат на законите на физиката, но и на здравиот разум. Така, во победата на Денвер против Бостон (103:84), успеа да направи нешто што навистина ретко се гледа. Постигна шут од невозможна позиција и тоа на самиот почеток на натпреварот.

Јокиќ ја зеде топката, отиде во аголот, кон линијата за три поени и непосредно пред тоа изгледаше дека ќе ја загуби топката. Бејлор Шериман одигра солидна одбрана и изгледаше дека успеал да го одбрани својот кош, времето истекуваше за крај на нападот. А, тогаш Никола покажа зошто е најдобар играч на планетата. Шутираше од свртување, тешко дека можеше да го види кошот и постигна – без грешка! Неверојатно.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Јокиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, бидејќи покрај 30 поени имаше и 12 асистенции и тоа против екипа која игра одлично во тековната сезона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Голем пех за Кливленд: Се повреди Џејмс Харден

Кливленд Кавалирс ги снајде голема несреќа со повредата на Џејмс Харден, кој најверојатно …