
Реал Мадрид во последно време не изгледа добро, а нов удар се случи во шестото коло на Лигата на шампионите со поразот од Манчестер Сити на Сантијаго Бернабеу со резултат 2:1.
Навивачите се разочарани, исто како и самите играчи, а првите погледи веднаш беа насочени кон Чаби Алонсо.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во претходните денови се зборуваше за заминувањето на Алонсо од клупата на Реал, а многумина веднаш се интересираа што ќе биде по поразот од Манчестер Сити.
Не се чекаше долго на реакцијата на мадридскиот клуб. Чаби Алонсо не успеа ни да влезе во соблекувалната, но дозна дека нема да добие отказ.
Оваа вест ја пренесоа медиумите блиски до Реал Мадрид, а и беше објавена на социјалните мрежи.
Според сè изгледа, Алонсо ќе има уште еден месец да ја спаси својата работа.