
Мајкл Џордан ја отвори својата четвртата бесплатна клиника за здравствена заштита во сојузната држава Северна Каролина, со која сака да ја продолжи мисијата за подобрување на пристапот до здравствени услуги за маргинализираните заедници. Четвртата клиника ја отвори во Вилмингтон, градот каде што израснал.
Клиниката се простира на 680 квадратни метри, има 12 ординации и обезбедува основна здравствена нега во работните денови, со поддршка од здравствени работници кои им помагаат на пациентите да се поврзат со клучните локални услуги.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Ова ми е исполнување на сонот, сакам да гледам дека првата клиника во Вилмингтон за помалку од една година веќе имала значајно влијание врз здравјето и добросостојбата на поединците и семејствата во мојот роден град. Враќањето во Вилмингтон минатата година, поводом отворањето на првата клиника, беше длабоко емотивен момент за мене и дополнително ми потврди колку ми е важно да се обезбеди квалитетна здравствена грижа за оваа заедница“, додаде тој.