Дома Фудбал Maрсело откри нешто неверојатно: Знаете ли колку збора шпански научил Бејл за шест години во Реал?!

Maрсело откри нешто неверојатно: Знаете ли колку збора шпански научил Бејл за шест години во Реал?!

Герет Бејл е еден од најдобрите светски фудбалери и во тоа нема соменвање, но големи проблеми во неговата кариера му направија повредите.

Бејл во Реал Мадрид пристигна од Тотенхем и ако го карактеризираме неговиот престој во Мадрид не би можеле да кажеме ниту дека е промашување, ниту дека ги исполни очекувањата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Велшанецот секогаш беше некаде на средината. После заминувањето на Роналдо се очекуваше тој да стане главниот играч.

Сега Марсело открива еден податок кој можеби открива зошто Бејл во целост не ги оправда очекувањата.

Бејл во Реал настапува веќе шест години и навистина неверојатно звучи податокот дека за целиот престој скоро и да не научил ништо од шпанскиот јазик.

Марсело ова го откри додека за шпанските медиуми зборуваше како му недостасуваат Кристиано Роналдо кој премина во Јувентус и голманот Кико Касиља кој кариерата ја продолжи во англиски Лидс.

„Со Роналдо заедно бевме девет години и имавме супер однос, добро го познавам неговото семејство и неговата партнерка. Секако дека не ми е исто без него. Истото важи и за голманот Кико Касиља. Неговото место во соблекувалната беше до мене и тој беше првиот со кој се поздравував секое утро. На другата страна до мене седи Бејл, меѓутоа тој не разбира шпански. Знае само англиски. Со него комуницираме со гестикулации. Герет на шпански знае да каже само, здраво и добро вино“, објасни Марсело.

Сега знаејќи го ова можеби е малку појасно зошто Бејл не може да ги исполни очекувањата, нема соменвање дека комуникацијата на теренот е од клучно значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…