Дома Фудбал Италија Maрота за плановите на Јувентус: Манџукиќ нема мотивација, за Донарума не сме заинтересирани

Maрота за плановите на Јувентус: Манџукиќ нема мотивација, за Донарума не сме заинтересирани

Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота за италијанските медиуми зборуваше за актуелната ситуација во клубот од Торино кој оваа сезона ја одбрани двојната круна во Италија.

Марота во изјавата зборуваше за Марио Манџукиќ, Марко Пјаца и потенцијалниот наследник на Буфон.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Идејатан а Јувентус е направи комбинација на искуство и младост. Во овој момент можам да кажам дека офанзивниот дел од тимот ни е на светско ниво, може да се спореди дури и со оној на Реал“.

„Бернардески и Дибала се млади играчи, се уште немаат ниту 26 години. Пјаца ќе го вратиме од позајмица, но ќе видиме какви ќе бидат плановите за бо иднина. Кога во прашање е Манџукиќ, тој е одличен играч, но не сум сигурен дали е доволно мотивиран да остане во Јувентус. Не игра на неговата природна позиција и ние ќе мораме да ја слушнеме и неговата страна на приказната и да донесеме најдобра одлука. Искрено, се надевам дека ќе остане“, изјави Марота.

Потоа тој зборуваше за потенцијалниот наследник на Буфон.

Перин е навистина одличен голман, но далеку сме од вистински преговори. Донарума? За него не сме заинтересирани“, заврши Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…