Дома Фудбал „Maрка“ открива: Секој млад фудбалер на Реал има „Анти-шеик“ клазула!

„Maрка“ открива: Секој млад фудбалер на Реал има „Анти-шеик“ клазула!

Флорентино Перез смислил план како да ги задржи најдобрите млади фудбалери на „Бернабеу“.

Вториот најдобар стрелец и еден од најдобрите играчи на последното Светско првенство до 17 години Серхио Гомез неодамна ја напушти Барселона и за три милиони евра премина во Дортмунд. Тоа беше последен пример во низата млади играчи кои ја напуштаат Барселона, поради жестоката конкуренција во првиот тим.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Започна со Пике кој сепак се врати од Манчестер Јунајтед, а на оваа листа се наоѓаат уште Сеск Фабрегас, Санабрија, како и Мбула и Ерик Гарсија во поново време.

Барем во овој момент Реал нема такви проблеми. „Марка“ открива дека претседателот Флорентино Перез во својот мандат смислил план како да ги задржи младите фудбалери, а на крајот тоа и му успева.

Имено, секој млад играч на Реал кој ќе наполни 16 години веднаш добива т.н „Анти шеик“ откупна клазула во износ од 30 милиони евра за во старт да ги заштитат своите најдобри од нападите на Манчестер или Париз.

Исто така, доколку клубот процени дека некој играч направил исчекор, иако е во младинските категории добива нов договор со откупна клазула која достигнува цена и до 50 или 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …