До Светското првенство во Катар останува уште нешто повеќе од еден месец, стартува на 20. ноември и ќе се игра до 18. декември. Ова ќе биде вторпат во низа Италија да не игра на еден Мундијал, а најголеми „виновник“ за тоа е македонската репрезентација.
Италија го пропушти Светското првенство во Русија во 2018 година, подоцна следуваа подобри денови за нивниот репрезентативен фудбал го освоија Европското фудбал, но потфрлија во финишот од квалификациите и завршија во баражот. Таму за противник ја добија Македонија, а сите знаеме како заврши натпреварот во Палермо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роберто Манчини признава дека се уште ги боли поразот и ноември нема да биде лесен месец за Италијанците.
„Месецот кој следи нема да биде лесен за ниту еден Италијанец. Тешко е да гледате две светски првенства на кои не игра Италија, посебно тешко ќе ми биде мене и на стручниот штаб…Мене лично, но мислам и дека на секој Италијанец ќе му биде полесно кога Светското првенство ќе заврши“, изјави Манчини.