Фитнес тренерот и бодибилдерот од Македонија Ивица Јанев ги освои Diamond cup во Србија а потоа и Трофеј во Чачак. Викендов тој освои 6 злата и 2 титули Апсолутен победник и Про карта од 2 натпревари од интернационален карактер што се одржаа во Србија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ивица во Србија, Чачак учествуваше на интернационалниот бодибилдинг натпревар Diamond cup, каде беше прогласен за апсолутен шампион на натпреварот, во организација на највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Свет IFBB.
На овој прв интернационален натпревар од ваков восок карактер учествуваа над 200 преставници од повеке земји од регионот и пошироко. Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Австрија, Бугарија, Турција, Молодавиа, Романија, Унгарија, Украина и нашиот Ивица како единствен преставник од Македонија.
Јанев целосно издоминира на овој натпревар освојувајки 3 златни медали и Титула Апсолутен шампион добивајќи и ПРО карта од Диамантскиот куп во Чачак и Професионална Карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот.

Додека нареднипт ден беше првиот Бодибилдинг натпревар во Србија од отворен карактер, познатиот Трофеј на Чачак кој воедно е втор натпревар тој викенд а претставува квалификации за Балканско и Европско во Србија.
Ивица ги повтори своите достигнувања од претходниот ден освојувајки 3 злата и станувајќи Апсолутен победник на Трофеј на Чачак!
Тој во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград додека 2019 беше државен шампион во Бодибилдинг до 90кг во Македонија и воедно и апсолутен државен шампион за 2019.
Истата 2019 година Ивица стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, Златна ера на Бодибилдинг.