Од УЕФА не пристигнуваат добри вести за македонските клубови кои ќе играат во Европа.
Имено, клубовите од овој регион кои ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа натпреварите нема да ги играат на свој терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквата одлука е донесена пораи неповолната ситуација со коронавирусот и неговото ширење во балканските земји.
Според информациите на „Спортски Журнал“ клубовите од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна домашните натпревари во квалификациите ќе ги играат на Кипар.
Наводно од Кипар веќе доставиле гаранции дека се подготвени да ги отстапат стадионите и сета своја логистичка поддршка за да ги организираат европските натпревари.