Македонската пинг понг федерација доби огромно признаение од страна на Извршниот Одбор на ЕТТУ откако и официјално и е доделена организација на Европско првенство во Пинг понг во категоријата на сениори до 21 година.
Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг понг во категорија до 21 година во Сарајево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За прв пат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на Европскиот пинг понг во Скопје во месец Јануари 2024 година.
Неколкуте врвно организарани светски настани во пинг понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на Европско тло во Скопје.