Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Maкедонија е репрезентацијата со најмногу направени фаули на ЕП после првото коло

Maкедонија е репрезентацијата со најмногу направени фаули на ЕП после првото коло

После натпреварите од првото коло на Европското првенство нашата репрезентација го носи епитетот на најгруба на ЕП.

Македонските репрезентативци направиле 16 прекршоци што е најмногу од сите селекции кои настапија на шампионатот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Причината за ваквиот епитет може да се бара во сличната игра на противникот, Австријците направија 13 фаули, исто толку имаат и Слованците, а пред нив се Португалија и Полска со по 15.

Дуелот Македонија – Австрија бил најгруб со 29 прекршоци, потоа следи натпреварот помеѓу Полска и Словачка со 28 прекршоци.

Македонија следниот натпревар го игра со Украина и оваа селекција само осум пати ги фаулирала противниците во натпреварот со Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…