Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели има големи шанси повторно да игра на Островот, но овој пат во второто по ранг натпреварување, Чемпионшип.
Во англиските медиуми се тврди дека Балотели е блиску до договор со англиски Барсли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач без клуб е откако ја напушти Бреша. Формата популарниот „Супер Марио“ ја одржува тренирајќи со клуб од четвртата лига во Италија.
Балотели никогаш во целост не го искористи својот голем потенцијал кој несомнено го имаше. Иако во кариерата играше за Интер, Милан, Ница, Марсеј, Сити, Ливерпул…Сепак, впечаток е дека можеше многу повеќе. Дресот на Италија го носеше на 36 натпревари, во 2012 година играше финале со „Аѕурите“.
Ќе додадеме дека за Барсли во минатото настапуваше и легендарниот македонски напаѓач, Ѓорги Христов. Сезонава после 11 кола Барсли постигна само 12 гола и очигледно на тимот му е потребен напаѓач, дали Балотели им е вистинско решение ќе покаже времето, секако доколку го ангажираат.