Во последните денови од преодниот, откако Роналдо не беше помеѓу стартерите во првото коло од Серија А многу се пишува за негово заминување од Јувентус.
Според информациите Роналдо сака да го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок, а неговиот агент Жорге Мендеш вчера допатува во Торино за да разговара со својот клиент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека Манчестер му понудил на Роналдо двегодишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона.
Јувентус за Роналдо бара сума помеѓу 25 и 30 милиони евра, но Сити нема намера толку да плати. Се шпекулираше за можна размена со Габриел Жесус, меѓутоа таква опција е малку веројатна.
#Juventus, Jorge #Mendes è a Torino: continuano i contatti con il #ManchesterCityhttps://t.co/pC31WF4PXG
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 25, 2021