Дома Фудбал Италија Maлдини: Ибра имал 38 години? Па јас на 39 ја освоив Лигата на шампионите и бев најдобар дефанзивец

Maлдини: Ибра имал 38 години? Па јас на 39 ја освоив Лигата на шампионите и бев најдобар дефанзивец

Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан, а денес на таа тема зборуваше техничкиот директор и легенда на клубот, Паоло Малдини.

Малдини призна дека преговорите со Ибрахимовиќ биле тешки и е среќен што на крајот се завршило со продолжување на соработката. За легендарниот дефанзивец воопшто не е проблем тоа што Ибра има 38 години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Трансфер маркетот само што се отвори, меѓутоа во тек се неколку операции. Онаа со Златан Ибрахимовиќ беше најтешка, но во исто време беше и најаважна. Среќен сум што се заврши на задоволство на двете страни“.

„Златан не е важен само на теренот тој ги промени работите со самото негово присуство. Има 38 години и ние го знаеме тоа, но работите може да се гледаат и на поинаков начин. Не заборавајте дека јас на 38 години ја освоив Лигата на шампионите и бев избран за најдобар дефанзивец“, потенцираше Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што се случува со ветеранот на Реал Мадрид?

ПРИКАЗНАТА на Дани Карвахал стана вистинска енигма во Реал Мадрид. Веќе еден месец целосно…