Дома Македонски спорт Maкедонија доби тешка група во Третата Европска зона на Дејвис Купот

Maкедонија доби тешка група во Третата Европска зона на Дејвис Купот

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија (рангирана на 89 место) по денешното извлекување ги дозна ривалите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Ларнака, Кипар.

Нашата репрезентација е во групата Б со домаќинот Кипар (рангиран на 75 место), кој е носител, Малта (рангирана на 93.то место) и Молдавија (95.то место). Во групата А се три репрезентации: Естонија (68), Сан Марино (86) и Црна Гора (91).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првото коло утре Македонија на стартот ќе игра против селекцијата на Малта.

Двете првопласирани репрезентации од двете групи ќе обезбедат пласман следната сезона еден ранг повисоко, додека второпласираните ќе играат меч за третата позиција која од оваа зона носи пласман ранг погоре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…