Дома Фудбал Италија Maкедонец влезе на терен на италијанското дерби и – си доби дрес! 🎥

Maкедонец влезе на терен на италијанското дерби и – си доби дрес! 🎥

Maкедонецот, Наце Васев навивач на Јувентус успеа вчера по завршувањето на дербито помеѓу Јувентус и Интер (1:1) да влезе на теренот и да добие дрес од Мануел Локатели.

Васев успеа да се протне покрај обезбедувањето на стадионот и да стигне до Локатели кој беше расположен да му го подари дресот. По добиениот дрес, тој се врати назад на своето место, без поголеми проблеми со редарите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Покрај дресот Васев успеа да си обезбеди селфи фотографии со Влаховиќ, Костиќ, Гати…Секако вечер која ќе ја памети македонскиот навивач на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Фудбалерите на Вардар и третпат во низа го победија Пелистер „вечното дерби“ откако во Бит…