Дома Фудбал Англија Mурињо се налути по поразот: Судиите повеќе не се судии, нека се смени името на ВАР

Mурињо се налути по поразот: Судиите повеќе не се судии, нека се смени името на ВАР

Саутемптон вчера пред своите навивачи со минимални 1:0 го совлада Тотенхем.

Ингс им пресуди на гостите, а свое шоу имаше Мурињо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мурињо доби жолт картон поради „шпиунирање“ на тактиката на колегата, а жестоко протестираше поради некористењето на ВАР во една ситуација. Португалцот сметаше дека Деле Али е фаулиран во казнетиот простор, меѓутоа ВАР не се огласи.

„Судиите повеќе не се судии. ВАР би требало да го промени името, тоа не е повеќе видео асистент, туку судија. Всушност, тие кои се натеренот е асистенти“, изјави Мурињо.

Посебно лут беше поради една спорна ситуација.

„ВАР ги носи најважните одлуки. Требаше да има пенал, но ВАР не се користеше и немаше ништо“.

Тотенхем во овој момент се наоѓа на шестата позиција во Премиер лигата со 30 освоени бодови, еден помалку во однос на петтопласираниот Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија ќе игра против Босна пред почетокот на Светското првенство!

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ќе има тест-дуел против Босна и Херцеговина,…