Дома Фудбал Италија Mурињо остана без еден играч до крајот на сезоната

Mурињо остана без еден играч до крајот на сезоната

Екипата на Рома во овој момент во Серија А се наоѓа на третата позиција и до крајот на сезоната „волчицата“ ја очекува интересна битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома за викендот го победи Торино, но Мурињо по овој натпревар доби и една лоша вест.

Имено, Ола Солбакен се здоби со повреда и како што стојат работите оваа повреда не е наивна. Фудбалерот се здобил со изместено рамо и првичните прогнози не се позитивни.

Не е прецизирано, но се најавува дека сезоната за него е завршена. Солбакен од неговото доаѓање во Рома во зимскиот преоден рок настапи на осум натпревари во Серија А и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заборавена ѕвезда на Ливерпул по 834 дена го напушта клубот: Доаѓа крај на една тажна приказна!

Стефан Бајчетиќ е пред излезни врати од Ливерпул по период во кој неговата кариера на Енфи…