Eкипата на Рома очајно ја отвори сезоната и освои само пет од можните 18 бодови во Серија А, па Жозе Мурињо тргна во офанзива кон италијанските медиуми кои не штедеа критики кон него по дебаклот против Џенова (4:1).
„Волчицата“ имаше возбудлив преоден рок, пристигнаа засилуваа како Ромелу Лукаку, Ренато Санлез, Леандро Паредес…Но, резултатите и играта не се како што се очекуваше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Јас не сум проблем. Едноставно не прифаќам бидејќи не е вистина“, изјави Мурињо.
Откри Мурињо дека ја одбил најголемата понуда во историјата која ја имал еден тренер.
„Ја добив најголемата понуда во историјата кога во прашање се тренерите. Ја одбивц затоа што дадов збор дека ќе останам во Рома.
Имам договор до летото наредната година и сакам да го одработам до крај. Само челниците на клубот имаат право да ми кажат дека сум го завршил своето пред истекот на договорот. Ако се прашувам јас, спремен сум да го одржам дадениот збор. Немам страв ниту од свирежи на навивачите“, истакна Мурињо.
Рома викендов ќе игра против Фросиноне, овој натпревар е закажан за утре од 20:45 часот.