Дома Фудбал Останато Mиовски доби нов тренер: Абердин се одлучи за славен aнглиски менаџер кој беше во пензија

Mиовски доби нов тренер: Абердин се одлучи за славен aнглиски менаџер кој беше во пензија

Maкедонскиот репрезентативец, Бојан Миовски доби нов тренер во Абердин, но одлуката за избор на нов стратег е малку чудна.

Имено, денеска се исполнија претходните најави на медиумите во Шкотска и за нов тренер на Абердин беше назначќен Нил Ворнок кој потпиша договор до крајот на сезоната. Врнок е 75-годишен тренер кој веќе скоро две години е во пензија, а зад себе има кариера долга 45 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на кариерата водеше 16 различни британски екипи меѓу кои се: Лидс, Кристал Палас, Шефилд, Миделсброу…Абердин ќе биде неговиот прв клуб во Шкотска.

На клупата на Абердин доаѓа на местото на Бери Робсон кој си замина по лошите резултати. По неговото заминување Питер Левен кој му беше помошник го водеше тимот во ремито против Селтик (1:1). Единствениот гол за Абердин на оваа средба го постигна токму Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…