Селекторот Благоја Милевски на почетокот на оваа недела го објави списокот со кој Македонија ќе оди во дуелите на стартот од новото издание во Лигата на Нации.
Денес Милевски ја одржа и првата прес-конференција пред овие натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
,, Уште кога го добивме распоредот знаевме дека голем дел од фудбалерите во овoј период не можат да бидат во највисока натпреварувачка форма, дел завршија, дел уште ќе играат, затоа ќе има ротации. Сега сакам да го видам потенцијалот со кој располагаме, а најзадоволен ќе бидам ако сите кои добијат шанса ќе ја искористат на најдобар начин. Носител во Лигата на Нации беше Бугарија, ранкигот на УЕФА не е секогаш мерило за квалитетот и ние сме го докажале тоа неколку пати. Ние сме во група со репрезентации со изедначен квалитет и Гибралтар со пласманот во оваа група Ц покажа дека поседува квалитет. Ние ќе го дадеме максимумот како и секогаш, а ќе видиме што сме направиле во септември. Ние сме спортисти и против Бугарија не ме интересира ништо друго, освен спортскиот императив”.
Македонија на стартот од новото издание на Лигата на Нации ја очекуваат натпревари со Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).