Додека трае борбата за Скудетото во Серија А, Милан работи и на засилувања во одбраната.
Посебно чувствително е местото во одбраната, а како што тврдат италијанските медиуми изборот на „росонерите“ е Свен Ботман. Фабрицио Романо пренсува дека Милан е многу блиску до договор со Лил за купување на 22-годишниот млад репрезентативец на Холандија.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Ботман така ќе биде првото летно засилување за Милан, фудбалерот веќе е спремен да ја прифати понудата од Милано и целата работа насоро ќе биде завршена.




Дефанзивецот се проценува на 30 милиони евра, толкава сума бараат и Французите. Засега не е познато дали Милан ќе плати толку или нешто помалку.




Во актуелната сезона Ботман одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и запиша една асистенција.