Дома Трансфер зона Mилан не запира – Пристигнува „чудото“ од Лајпцинг!

Mилан не запира – Пристигнува „чудото“ од Лајпцинг!

Екипата на Милан ова лето е една од најактивните на трансфер пазарот и веќе успеаа да обезбедат четири засилувања, а на добар пат е и да го завршат петото.

Во прашање е Емил Форсберг кој беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на Лајпцинг во Лигата на шампионите.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Форсберг на 30 натпревар запиша 19 асистенции и во таа категорија беше најдобар во Бундеслигата.

Проблем би можел да настане единствено околу оштетата. Германците бараат 25 милиони евра, додека Милан не е подготвен да плати толку. Но, агентот на фудбалерот, Хасан Џетинакаја верува дека Лајпцинг ќе попушти.

„Тој даде многу за Лајпцинг. Разговаравме со луѓето во клубот и тие се свесни дека Емил во овој клуб пристигна за само три милиони евра, а од него би можеле да заработат барем пет пати повеќе. За Емил преминувањето во Милан би значело остварување на сонот“, изјави Џетинкаја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса најде ефтина замена за Левандовски

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето,…