Португалецот Жозе Мурињо му беше тренер на Кристијано Роналдо три години, а сега истакна дека тој бил најзаслужен што неговиот сонародник станал голгетер каков што е денес.
Роналдо постигнуваше голови и во Премиер лигата каде што беше најдобар стрелец, меѓутоа Мурињо смета дека тој со еден потег му ја променил кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред мене Роналдо играше на левата или десната страна, таму се бркаше со противничките бекови. Во Реал прерасна во вистински голгетер каков што е денес. Му дадов повеќе простор да игра лево, но да влегува во средината без обврска да ги брка бековите, кај мене тоа го правеа Алонсо и Кедира. На таа позиција постигнуваше повеќе голови, а луѓето сфатија дека може да биде врвен голгетер во финалето на Копа дел Реј во 2011 година“, изјави Мурињо.
Роналдо под водство на Мурињо ги имаше едни од најуспешните сезони во кариерата и за тој период постигна 168 гола во сите натпреварувања, додека во 2011 година ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец.