Прв пат од трансферот во Евертон, Вејн Руни ќе се врати на „Олд Трафорд“, каде што неговиот тим гостува на Манчестер Јунајтед во рамките од петото коло во Премиер лигата.
Вејн Руни замина од Манчестер како најдобар стрелец во историјата на клубот и менаџерот Жозе Мурињо е свесен дека за навивачите неговото враќање на „Олд Трафорд“ ќе биде посебно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Верувам дека ќе биде пречекан како што заслужува. Некогаш во оваа земја зборот легенда се употребува многу лесно. Со Руни тоа не е случај. Тој е вистинска легенда на клубот. За тоа зборуваат неговите погодоци, настапите и освоените трофеи со овој клуб“.
„Тој е еден од најважните фудбалери во историјата на Манчестер Јунајтед и мислам дека ќе добие голем респект од стадионот, онаков каков што и заслужува“, изјави Мурињо.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон се игра во недела со почеток од 17:00 часот.