Дома Фудбал Останато Mурињо: За Шкендија не знам ништо, со еден натпревар секогаш е опасно

Mурињо: За Шкендија не знам ништо, со еден натпревар секогаш е опасно

Тимот на Шкендија вчера успеа да го елиминира романски Ботошани и така да се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

На 24. септември Шкендија во Скопје ќе игра против англискиот гигант предводен од Жозе Мурињо, Тотемхем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нема дилеми дека Тотенхем е апсолутен фаворит. Меѓутоа после натпреварот во Бугарија против Пловдив нема зошто Шкендија предвреме да се предаде. Бугарскиот тим имаше предност се до десетина минути пред крајот кога прими два гола.

За Жозе Мурињо ова е второ доаѓање во Македонија откако претходно го посети нашиот главен град при настапот во Суперкупот во 2017 година како тренер на Манчестер Јунајтед.

„За Шкендија не знам ништо, допрва ќе следи анализа за нив. За овој натпревар ќе го кажам она што го кажав и пред мечот во Пловдив. Ако се играа два натпревари ќе беше поинаку. Дома секогаш добивате можност да се поправите, вака е опасно. Ќе биде опасно и во Македонија. Пред Шкендија сепак имаме натпревар против Саутемптон во Премиер лигата, па против Лејтон во Купот“, изјави Мурињо после вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …