Дома Македонски спорт Мак фудбал Mихаилов: Вардар е клуб на народот, секој натпревар до крај за нас ќе биде финале!

Mихаилов: Вардар е клуб на народот, секој натпревар до крај за нас ќе биде финале!

Горзад Михаилов вчера беше промовиран за нов тренер на Вардар, а денеска порача дека за Вардар во битката за опстанок секој натпревар ќе биде финале.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар се наоѓа на последната позиција пред продолжувањето на сезоната, па затоа секој дуел ќе биде од исклучтелна важност.

„Вардар е клуб на народот, најголем македонски фудбалски бренд. Целта е заедно со моите соработници и фудбалери да направиме една кохезија, една екипа која на сите 15 натпревари ќе атакува на победа.

За нас секој натпревар ќе биде финале пред финале и верувам дека со фудбалерите кои ги имам на располагање, но дополнително и со засилувањата кои допрва треба да пристигнат, ќе создадеме стабилен, респектабилен Вардар, со кој ќе ја оствариме посакуваната цел на крајот од сезоната“, изјави стратегот на црвено-црните.

Вардар на табелата е последен со 17 бодови по 18 одиграни кола пред нив се Македонија Ѓорче Петров со 18 и Воска Спорт со 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…