Дома Останати Ракомет Mитревски: Не блескавме, но најважно е што победивме против Вардар

Mитревски: Не блескавме, но најважно е што победивме против Вардар

Никола Митревски кога беше најпотребно беше одличен на голот на Порто и даде голем придонес во победата на португалскиот тим против Вардар (27:24).

Македонскиот голман по натпреварот истакна дека Порто не бил на нивото, но најважно е што успеале да победат.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Нашите играчи беа уморни, воопшто не е лесно да се игра толку долго 7 на 6. Сепак, најважно е што победивме. Одработивме неколку тренинзи заедно и тешко беше да се подготвиме за тим како Вардар. Како што кажав, најважно е што победивме. Во наредните натпревар ќе мораме да ја поправиме играта“, изјави Митревски.

Вардар во следниот натпревар гостува кај ПСЖ, додека Порто ќе игра исто така на гости против Киелце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометната федерација на Македонија направи важна промена за новата сезона

Ракометната федерација на Македонија донесе нова одлука која директно ќе влијае врз изглед…