Дома Фудбал Лукаку: Не сакав да заминам од Челси – ме натераа да тренирам со резервите и ме избркаа

Лукаку: Не сакав да заминам од Челси – ме натераа да тренирам со резервите и ме избркаа

Белгискиот голгетер Ромелу Лукаку зад себе има успешна сезона во која го освои Скудетото со Наполи, но неодамна во интервју со медиумите откри неочекувани детали за своето последно поглавје во англискиот гигант Челси.

Лукаку откри дека по финалето од Лигата на шампионите против Интер, се вратил во Лондон со искрена намера да се избори за место во првиот тим. Наместо да добие нова шанса, клубот му понудил студен прием.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„По финалето со Интер, се вратив во Челси и им реков дека сакам да останам и да се борам за своето место. Наместо поддршка, ме испратија да тренирам со резервниот состав. Потоа, одеднаш се појавија шпекулации во медиумите дека јас сум тој што сака да замине, што едноставно не беше точно. Не сакав да си одам – тие ме оттргнаа од тимот“, изјави Лукаку.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …