
Ако постоеше каква било надеж дека Лука Модриќ би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, денес таа дефинитивно е згасната откако пристигнаа првите официјални потврди за новиот клуб на легендарниот Хрват.
Модриќ ќе одигра за Реал уште најмалку еден, а најмногу два натпревари. Освојувачот на Златна топка веќе пронајде нов клуб каде ќе се приклучи во август.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Ерата долга 13 години може да заврши в среда со натпреварот од полуфиналето на Светското клубско првенство против ПСЖ или за викендот во евентуалното финале.
На крајот од сезоната во Ла Лига, Модриќ изјави дека си заминува од Реал, а веста за неговото заминување ја објави и самиот кралски клуб, но со доаѓањето на Хаби Алонсо некои се надеваа на останување.
Меѓутоа, дека дефинитивно нема враќање и дека Модриќ го чекаат нови предизвици потврди во понеделник на своето официјално претставување Макс Алегри.
Неколку недели се шпекулира околу доаѓањето на Модриќ во Милан, но како што Хрватот одлучи да го одложи лекарскиот преглед, се појави надеж дека може да дојде до промена.
Сепак, Алегри денес практично потврди дека Модриќ ќе им се приклучи на новите соиграчи во наредниот месец и дека нема потреба дополнително да го претставуваат.
“Чекаме да стигне Модриќ… Има Светско клубско првенство, пристигнува во август, тој е важен и извонреден фудбалер кој не треба посебно да се претставува”, изјави трофејниот тренер.
Фото: Принтскрин