Дома Фудбал Лука Модриќ дебитираше за Милан во тешкиот пораз против Челси

Лука Модриќ дебитираше за Милан во тешкиот пораз против Челси

Лука Модриќ ги запиша своите први минути за Милан. Во пријателскиот натпревар против Челси, италијанскиот клуб се соочи со тежок пораз од 1:4 од англискиот состав, а Модриќ влезе во игра во 46. минута. Ова беше последниот подготвителен натпревар за Милан пред почетокот на сезоната идната недела, кога “Росонерите” во Купот на Италија се среќаваат со Бари.

На мечот против Челси, англискиот тим рано ја наметна својата доминација и поведе уште во петтата минута. Андреј Кубис, дефанзивецот на Милан, си постигна автогол по изведениот слободен удар (голот можете да го видите ОВДЕ), а само три минути подоцна, тимот на Енцо Мареска веќе имаше предност од 2:0. Стрелец беше Жоао Педро по асистенцијата на Педро Нето. Голот можете да го видите ОВДЕ.

Модриќ дебитираше во второто полувреме

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Кубис, кој претходно беше автор на автоголот, во 18. минута доби и црвен картон. Како последен играч во одбраната, го сруши Педро и ги остави Милан со десет играчи до крајот на натпреварот. Резултатот не се промени до крајот на првото полувреме, а на почетокот на второто се појави Модриќ.

Иако тој влезе, Милан со намален број на играчи не успеа да ја направи нешто повеќе. Во 67. минута од пенал, прецизен беше Лијам Делап, давајќи предност на Челси од 3:0. Голот можете да го видите ОВДЕ.

Во 70. минута, Фофана успеа да намали на 3:1. Голот можете да го видите ОВДЕ. Последниот гол на натпреварот го постигна Делап во 90. минута. По брза и прецизна акција, англискиот напаѓач го постави конечниот резултат. Голот можете да го видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серафимов кариерата ја продолжува во Бугарија, денеска треба да го комплетира трансферот!

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е на чекор до нова авантура во кариерата, от…