Лука Модриќ нема дилема и сака да игра за Реал Мадрид и наредната сезона.
Многу извори, вклучувајќи го и Фабрицио Романо, денес потврдија дека Хрватот преку своите посредници му порача на Реал дека размислува само за обновување на договорот за уште една година, под било какви услови.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Модриќ веќе две години наназад има понуди од Саудиска Арабија, но ги одбиваше, во желба да се натпреварува на највисоко ниво.
И оваа сезона тој е многу важна алка во тимот на Карло Анчелоти, одигра дури 44 натпревари во сите натпреварувања, најчесто влегувајќи како замена, но имаше огромно влијание, како и секогаш.
Постигна четири голови и забележа седум асистенции, иако неговото влијание не може да се измери само низ статистика.
Инаку, Лука Модриќ во септември ќе наполни 40 години, но не изгледа како ветеран, напротив, дефинитивно би можел да биде од помош во ротацијата за Хрватот.
На потег е Флорентино Перез…