Дома Фудбал Луис Дијаз пристигна на лекарски прегледи, се комплетира трансферот од 75 милиони евра

Луис Дијаз пристигна на лекарски прегледи, се комплетира трансферот од 75 милиони евра

Колумбискиот офанзивец Луис Дијаз (28) утрово пристигна во Минхен каде што ќе го комплетира трансферот во Баерн, откако ќе ги заврши медицинските прегледи денес.

Ливерпул ќе заработи 70 милиони евра како фиксна сума од трансферот и дополнителни 5 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Очекувањата се дека Дијаз ќе потпише договор со германскиот шампион до 2029 година.

Да потсетиме, Ливерпул го купи Дијаз во 2022 година од Порто за 49 милиони евра, и зад себе остави одличен период на кариерата.

Во неговата статистика се запишани 148 натпревари со 41 постигнат гол и 16 асистенции.

Двапати го освои Лига Купот Куп, Премиер Лигата, Купот на Англија и Комјунити Шилд.

Со пристигнувањето на Дијаз, Баерн ќе има неверојатен напад за следната сезона, бидејќи во офанзивната линија се уште Мајкл Олис и Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…