Дома Останати Кошарка Луда тројка на Бразилецот Рафа Луиз – погоди од 28 метри!

Луда тројка на Бразилецот Рафа Луиз – погоди од 28 метри!

Бразилскиот плејмејкер Рафа Луз приреди момент за паметење оваа година кога погоди неверојатно преку половината терен против Жирона, спасувајќи го својот тим Андора.

Играчите на Андора беа на раб на пораз, бидејќи гостите водеа со пет поени предност, 91:86, само 20 секунди пред крајот на натпреварот и имаа напад. Отус Ливингстон ја изгуби топката, што му овозможи на Стен Окое да постигне тројка и да ја врати неизвесноста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа Жирона повторно ја загуби топката, но Кајл Курич не успеа да погоди тројка. Ливингстон ја фати топката по скок и беше фаулиран. Тој постигна само едно слободно фрлање, оставајќи им една секунда за напад на Андора.

Рафа Луз ја прими топката покрај својот кош и веднаш шутираше, а кога погоди ледуваше голема еуфорија..

Ниту по првото продолжение прашањето за победникот не беше решено, но на крајот, домаќините ја запишаа првата сезонска победа, додека Жирона се соочи со првиот пораз..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос и масовна тепачка во НБА лигата: Реагираше и полицијата! (Видео)

За време на натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс, што се одигра ноќеска, на…