Дома Фудбал Луд пресврт на Барселона во Мадрид во борбата за шампион (ВИДЕО)

Луд пресврт на Барселона во Мадрид во борбата за шампион (ВИДЕО)

Барселона го победи Атлетико Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано со 4:2 во феноменален натпревар, кој би можел да го одлучи шампионот на крајот од сезоната. Играчите на Ханси Флик губеа 2:0 до 70-тата минута, а потоа направија неверојатен пресврт.

Првиот гол беше виден во завршницата на првото полувреме. Хулијан Алварез го совлада Шчесни, по асистенција од Џовани Симеоне. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Стрелецот на првиот гол беше заменет од страна на Александар Сорлот во 60-тата минута, а десет минути подоцна постигна погодок за 2:0, по асистенција на Конор Галагер. Погледнете го погодокот на ОВОЈ ЛИНК.

Играчите на Барса се жалеа на главниот судија, зашто сметаа дека Де Паул играше со рака на почетокот на акцијата, но судијата не ја промени одлуката.

Две минути подоцна, прекрасен гол за 2:1 постигна Роберт Левандовски, откако добра топка центрираше Иниго Мартинез. Како мајсторски го погоди Полјакот, погледнете ОВДЕ.

Феран Торес израмни четири минути подоцна, по одлична асистенција на Рафиња. Голот на Шпанецот погледнете го на ОВОЈ ЛИНК.

Голот за 3:2 го даде Ламин Јамал во 92-рата минута. Топката се погоди на патот до мрежата откако закачи еден играч на Јорганџиите и го измами Облак. Погледнете го ГОЛОТ.

Феран Торес ја постави конечната 4:2 во 97-мата минута на натпреварот. Голот можете да го видите на ОВОЈ ЛИНК.

Барселона се врати на првото место и сега Каталонците имаат 60 бодови, исто колку и Реал Мадрид, но Кралевите имаат натпревар повеќе.

Атлетико остана на третото место со 56 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ла Лига донесе одлука: Познато кога Барселона и Осасуна ќе го одиграат одложениот натпревар

Средбата помеѓу Барселона и Осасуна што требаше да се одигра на 8 март, но беше одложена п…