
Романската јавност е поделена – едни сметаат дека требаше да се почека целосно оздравување пред официјалните објави од почит кон легендата, додека други сметаат дека професионалниот спорт е суров и дека националниот тим не може да чека.
Легендарниот романски стручњак Мирчеа Луческу (80) не успеа да се пласира со својата репрезентација на Светското првенство, а утрово претрпе инфаркт.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Минатата недела се онесвести пред играчите на тренинг, итно беше хоспитализиран, а денес требаше да ја напушти болницата и да оди на домашно лекување. Сепак, по вградувањето на пејсмејкер, се веруваше дека ќе биде сѐ во ред. За жал, претрпе инфаркт и беше вратен во болница.
Во тоа време Фудбалскиот сојуз на Романија соопшти дека Луческу нема да го продолжи својот мандат на клупата на “Триколорите”, а веќе се знае кој ќе го наследи. Станува збор за уште една легенда на романскиот фудбал Џорџе Хаџи.
Репрезентацијата на Романија го игра следниот официјален натпревар дури на 2ри јуни против Грузија во Тбилиси и тоа пријателски. Потоа, на 25ти септември гостува кај Шведска во рамките на 1вото коло на Лигата на нации, па се поставува прашање дали навистина беше неопходно Луческу експресно да се отстрани и да се доведе Хаџи со оглед на целокупната ситуација.