Дома Фудбал ЛШ: Ливерпул сака да ја продолжи доминацијата, дербито во Лисабон, Црвена Звезда го пречекува ПСВ

ЛШ: Ливерпул сака да ја продолжи доминацијата, дербито во Лисабон, Црвена Звезда го пречекува ПСВ

За вечерва се закажани девет натпревари од седмото коло во УЕФА Лигата на шампионите.

Ливерпул го пречекува Лил на „Енфилд Роуд“ и сака да ја продолжи доминацијата. Тимот на Арне Слот има 18 бода од шест натпревари со гол разлика 13:1.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Сега им гостува Лил, непријатниот тим од Франција кој бара важни бодови во борбата за директен пласман во осминафиналето.

Натпреварот во Англија започнува во 21 часот.

Во исто време ќе се одиграат уште шест натпревари. Едно од дербијата е закажано помеѓу Бенфика и Барселона.

Штутгарт гостува кај претпоследниот Слован и посакуваат три бода, кои можеби би ги однеле во нокаут фазата.

На останатите натпревари од 21 часот ќе играат: Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен, Болоња – Борусија Дортмунд, Клуб Бриж – Јувентус и Црвена Звезда – ПСВ Ајндховен.

Нешто порано од 18 часот и 45 минути се закажани два натпревари.

Аталанта е апсолутен фаворит против Штурм, а бодовите за тимот од Бергамо потенцијално би му помогнале да се пласираат во осминафиналето.

Вториот натпревар ќе се игра помеѓу Монако и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српската полиција бегаше од „Делии“ кои фрлаа топовски удари (Видео)

Околу полноќ во центарот на Белград, според изјавите на очевидците, се случиле големи суди…