Дома Фудбал Лоша вест за Реал: Мабпе се повреди и го пропушта почетокот на 2026 година!

Лоша вест за Реал: Мабпе се повреди и го пропушта почетокот на 2026 година!

Килијан Мбапе е повреден, беше потврдено денес.

Според повеќе извори, Мбапе претрпе повреда на лигаменти на коленото, но за среќа не е сериозна, така што ќе биде отсутен околу три недели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова значи дека Французот ќе пропушти најмалку четири натпревари, меѓу кои и дуелот со Бетис на “Сантијаго Бернабеу”, како и турнирот за Суперкупот на Шпанија, полуфиналето против Атлетико Мадрид на 8 јануари, а потенцијално и финалето со Барселона или Атлетик Билбао.

Откако ќе се вратат од Саудиска Арабија, Реал Мадрид ќе го пречека Леванте на 17 јануари, а потоа и Монако на 20, во натпревар од Лигата на шампионите.

Најоптимистичко сценарио е Мбапе да биде подготвен за тешкото гостување кај Виљареал на 25 јануари.

Мбапе е главниот играч и голгетер на Реал Мадрид, што значи дека неговото отсуство ќе биде силен удар за тимот на Чаби Алонсо.

Оваа сезона одигра 24 натпревари, постигна 29 голови и направи пет асистенции.

Во негово отсуство, нападот ќе го предводи бразилското дуо Винисиус Жуниор – Родриго, заедно со младиот Гонзало Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…