Дома Фудбал Ливерпул задоволно „трие раце“ – ќе добива по 70 милиони евра годишно

Ливерпул задоволно „трие раце“ – ќе добива по 70 милиони евра годишно

Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека од наредната сезона ќе носи опрема од германската компанија Адидас.

По трет пат во својата долга и богата историја, Ливерпул ќе соработува со познатиот светски бренд кој ќе ги опремува сите селекции на клубот. Двете страни имаат убави спомени од своите претходни соработки бидејќи „црвените“ во дресовите на славниот бренд креваа значителен број трофеи.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Ливерпул ги носеше дресовите на Адидас од 1985 до 1996 година, а потоа и од 2006 до 2012 година. Затоа дресот на овој производител е вткаен во срцата на навивачите на Ливерпул и тие со радост го очекуваат. Производите на Најки, со кој клубот од Мерсисајд соработува од 2018 година, ќе се повлечат од сите штандови пред 1 август кога започнува новата, повеќегодишна ера на Адидас на „Енфилд“.

Оваа соработка ќе биде една од најпрофитабилните на светот. Според локалните медиуми, Ливерпул ќе заработува годишно преку 70.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од љубовна бајка до скандалозен пресврт: Причина за разводот на ѕвездата на Барселона е – неверство! (Фото)

Голманот на Барселона Марк-Андре тер Штеген неодамна преку соопштение на Инстаграм објави …