Дома Фудбал Ливерпул за 35 милиони евра носи еден од најдобрите играчи на Леверкузен?

Ливерпул за 35 милиони евра носи еден од најдобрите играчи на Леверкузен?

Ливерпул ова лето ќе остане без долгодишниот десен бек Трент Александер-Арнолд, кој како слободен играч заминува во Реал Мадрид, но изгледа дека англискиот шампион веќе нашол замена. Според Фабрицио Романо, преговорите за трансферот на Жеремие Фримпонг (24) од Баер Леверкузен во Ливерпул напредуваат.

Холандскиот репрезентативец во договор со Леверкузен има откупна клаузула по која може да си замине за 35 милиони евра, а Романо тврди дека Ливерпул веќе преговара околу моделот на исплата. Истовремено се водат преговори и со Фримпонг, кој би сакал да игра за Ливерпул.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако игра за Холандија, каде што е роден, Фримпонг пораснал во Англија и поминал девет години во академијата на Манчестер Сити. Како 19-годишник заминал во Селтик, а од 2021 година е во Леверкузен, каде беше еден од најдобрите играчи во освојувањето на историската титула минатата сезона.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oбјасни што значеше „наскоро“: Роналдо откри кога ќе се пензионира!

Кристијано Роналдо откри дека ќе се повлече од фудбалот за година или две и посочи дека сл…