Дома Фудбал Eден фудбалер на Ливерпул по дебаклот доби посебни критики: Беше ужасен!

Eден фудбалер на Ливерпул по дебаклот доби посебни критики: Беше ужасен!

По двата тешки порази во Премиер лигата (0:3 против Сити и Нотингем Форест), Ливерпул имаше можност да се врати на победничката патека во Лигата на шампионите, но наместо тоа, ПСВ синоќа само ја продлабочи кризата на Енфилд победувајќи со 4:1.

“Кризата е многу силен збор и неискрено е кон некои играчи кои оставија трага во овој клуб, како и кон тренерот кој до пред три месеци работеше одлично. Меѓутоа, не може да се порекне дека екипата се мачи, ситуацијата е ужасна, самодовербата е на најниско ниво и продолжуваат да ‘крварат’. Доколку тренерот не најде решенија и стабилност во екипата, ова ќе продолжи”, изјави легендарниот Стивен Џерард.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Инаку, англискиот шампион загуби три последователни натпревари и претрпе деветти пораз во последните 12 натпревари, што е најлошиот период во последните 72 години.

И покрај тоа што е тешко да се насочи обвинувањето кон поединец, според Џерард, неспоредливо негативен впечаток остави Милош Керкез, кој настапува за унгарската репрезентација.

“Не е важно дали е тоа Салах или некој друг, во ваква ситуација не смеете да бидете поминати со дриблинг. Керкез за мене најголем дел од натпреварот беше надвор од позиција. Катастрофално е да се биде на таква страна од напаѓачот. Мора да бидете на внатрешната страна. Тој за себе не создава никакви шанси. Примаат премногу голови, отворени се во транзиции. Изгледаат многу ранливи и нестабилни веднаш штом топката дојде во контакт. Енфилд раскажува приказна, седиштата беа празни 10 минути пред крајот, веднаш по третиот гол, натпреварот беше завршен”, рече легендата на Црвените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Островот најавуваат контроверзен трансфер: Челси може да ја украде младата ѕвезда на Арсенал!

Челси има намера да направи потег кој може да предизвика големо незадоволство помеѓу фанов…