Дома Фудбал Ливерпул веќе трпи сериозна загуба и во стручниот штаб?

Ливерпул веќе трпи сериозна загуба и во стручниот штаб?

Фудбалскиот клуб Ливерпул по само една година заедничка соработка може да остане без првиот помошник на Арне Слот.

Станува збор за некогашниот холандски стопер Џон Хејтинга кој доби дозвола од клубот да преговара со заинтересираната страна. Во овој момент, таа заинтересирана страна е Ајакс кој бара главен тренер. Ерик Тен Хаг веќе не е опција бидејќи заврши во Бајер од Леверкузен, не се спомнува ниту Пол Симонс од Гоу Ахед Иглс, туку главни кандидати се Џон Хејтинга и Марсел Кајзер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за двајца некогашни соработници во Јонг Ајакс. Кајзер беше главен тренер на младиот тим, а Хејтинга негов помошник.

Не е прв пат Хејтинга да биде кандидат за позицијата главен тренер на Ајакс.

Што се однесува до Кајзер, тој го презеде првиот тим наследувајќи го во 2017 година Петер Бос, меѓутоа, неговиот престој на „Јохан Кројф арената“ беше прилично неуспешен, во голема мера поради лошата соработка со тогашниот спортски директор Марк Овермарс. 

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…