Дома Фудбал Ливерпул веќе преговара со Арне Слот за нов договор

Ливерпул веќе преговара со Арне Слот за нов договор

Раководството на Ливерпул сака да го врзе менаџерот на тимот Арне Слот со нов договор. Според Луис Стиил од “Дејли Мејл” двете страни веќе водат разговори за тоа.

Тековниот договор на Холанѓанецот, кој ја освои титулата во Премиер лигата уште во дебитантската сезона во англискиот фудбал, истекува во летото 2027 година. Клубското раководство не сака Слот да влезе во следната сезона со истечен договор по помалку од една година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Агентот на Слот е Рафела Пимиента и таа активно работи на средувањето на деталите околу новиот договор.

Ливерпул веќе покажа голема доверба кон Арне Слот и со рекордната селекција која клубот ја направи летово. Беа потрошени над 400 милиони фунти за нови играчи и иако шампионите покажаа некои колебања од почетокот на сезоната и забележаа три последователни порази пред моменталната пауза за репрезентациите, раководителите на мерсисајдерите се убедени дека Холанѓанецот е вистинскиот човек за позицијата на долгорочен план.

Уште во мај Слот призна дека може да се замисли во Ливерпул онолку долго колку и неговиот претходник Јурген Клоп, кој работеше на “Енфилд” речиси девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри едно засилување сигурно добива во јануари, Милан договори Колумбиец!

Масимилијано Алегри има амбициозна цел да се врати на голема врата оваа сезона, веќе пости…