
Билд денес пушти информација дека Баерн Минхен и Ливерпул преговарале за време на викендот, и дека Редс конечно се согласил да го реализира трансферот на Луис Диаз.
Ливерпул досега упорно ги одбиваше сите можни понуди, го прецени Колумбиецот на 100.000.000 евра, но сега го промени својот став. Најверојатно, Баерн Минхен ја подготвил понудата од 75.000.000 евра, што сѐ уште претставува одличен зделка за играч кој има 29 години.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Покрај тоа, Луис Диаз е незадоволен од своите примања од околу 2.500.000 евра годишно и одамна очекуваше нов договор со зголемување според неговата улога во тимот, но тоа не се случи. Ливерпул доведе некои скапи засилувања, Флоријан Вирц и Уго Екитике, па Диаз побара да си замине.
Колумбиецот ги договори личните услови, во Минхен го чека бруто плата од 14.000.000 евра што е речиси трипати повеќе од тоа што примаше на “Енфилд”.
Исто така, Диаз го радува фактот дека Венсан Компани го гледа како идеално засилување на позицијата лево крило и сега е останато само Ливерпул да ја прифати понудата на Баерн.
Фотографија: Принтскрин