Дома Фудбал Ливерпул се пофали со важен потпис

Ливерпул се пофали со важен потпис

Фудбалерот на Ливерпул, Рио Нгумоа, кој крена прашина на почетокот на сезоната, го потпиша својот прв професионален договор со клубот. Тој трае до летото 2028 година, откако досегашниот истекуваше на крајот на кампањата.

Нгумоа има 17 години и блесна во шампионатскиот натпревар против Њукасл на 25 август, кога го постигна победничкиот гол за 3:2. Вкупно неговите учества од почетокот на сезоната се четири.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Тинејџерот игра како крилен напаѓач. Тој дојде во Академијата на „Црвените“ во септември 2024 година, откако претходно беше во Челси.

Англискиот репрезентативец до 19 години го забележа и неговото прво учество во европските турнири, кога влезе како резерва во натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на „Енфилд“ на 17 септември. Инаку, Нгумоа дебитираше за првиот тим под водство на Арне Слот уште во јануари.

Според “Дејли Мејл”, неговата годишна плата сега скокна од 14 400 на 52 000 фунти, што е највисокото за фудбалер на Ливерпул кој ја врши првата година како професионален играч во клубот.

Талентот е роден во Англија, а родителите му се од Франција и Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…