Дома Фудбал Ливерпул сака да купи нов и скап напаѓач, но прво мора да се исполни еден услов

Ливерпул сака да купи нов и скап напаѓач, но прво мора да се исполни еден услов

Ливерпул би сакал да издвои голема сума на пари за нов напаѓач во летото што следува, а тоа ќе зависи и од продажбата на Дарвин Нуњез.

„Црвените“ сакаат да го освежат нападот и за тоа ќе издвои околу 100 милиони евра, но важно е да се продаде Дарвин Нуњез.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач е на излезните врати од клубот, а Ливерпул се надева дека во следниот период ќе стигне добра понуда за Нуњез.

Имаше понуди од Саудиска Арабија во текот на претходната зима, но не дојде до реализација на договорот, иако Ливерпул се надеваше на продажба. Слична понуда би била повторно посакувана на „Енфилд“, бидејќи Нуњез тука нема иднина.

Тоа беше јасно и по промашениот пенал против ПСЖ во серијата пенали. Тоа беше јасна слика и показател за партиите на Нуњез во Ливерпул во текот на целата сезона.

Потенцијално засилување во нападот, не на шпиц, но во напаѓачкиот дел што се спомнува во последно време е Чави Симонс. Холанѓанецот игра одлично во дресот на Лајпциг и трансферот би изнесувал околу 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијаз заминува од Ливерпул

Барселона е решена следното лето да го донесе на „Камп Ноу“ играчот на Ливерпул, Луис Дија…